September 25, 2015

Громогласност

Одејќи по улица згазнуваш лошо, го изместуваш зглобот, и од дното на душата ја пцуеш цела таа страшна болка. И се ќе беше пак во ред да завршеше приказната тука. Но приказните знаат да бидат толку болни што ниедна реченица, ниеден збор, ниеден извичник не може да ја опише таа болка која ја создаваат. Дури и целиот свет да сака да ја уништи таа бедотија од чувства нема доволно смирувачка енергија.

Да...вистината вели нема ниедна приказна во која болката е одсутна, дури ни онаа најсреќната, иако јас не знам да одберам која е таа најсреќна приказна.

Во еден момент решаваш да бидеш дел од среќна приказна, па престануваш да јадеш месо, и ете сега си среќно дете во болна приказна затоа што вегетаријанецот во тебе спиел и е пресреќен како дуњата кога ќе ја скинеш и мирисот нејзин те опива, иако малку му се чудиш на тој мирис. Туку, дали дуњата ја почувствува болката? Да толку е потребно, само едно прашање и вегетријанецот сфаќа, тој е понесреќен од месојадецот. 

Лоша алегорија? 
Можеби најлоша.




No comments:

Post a Comment